ISO 9001:2008 - Систем за управување со квалитет

Цел на ISO 9001:2008 е обезбедување на квалитет на работните процеси, производи и услугите кои ги извршува една организација.
ISO 9001:2008 е процесен модел, кој ја дефинира организираноста како успешна преку:

  • Определување на Политиката за квалитет
  • Дефинирање на одговорности и овластувања во Организацијата
  • Дефинирање на Цели за квалитет
  • Планирање и обезбедување на ресурси
  • Реализирање на барањата на Купувачот
  • Мерење, анализа и подобрување на производот/услугата.

За конкурентноста на домашниот и меѓународниот пазар не е доволен само квалитет, потребен е меѓународно признат доказ за квалитет како што е сертификатот за ISO 9001:2008.

Управувањето со квалитет е пред се НАЧИН НА РАЗМИСЛУВАЊЕ.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ВОВЕДУВАЊЕ НА СТАНДАРДОТ ISO 9001:2008

  • исполнување на барањата на Купувачот ;
  • ефикасно работење (загубите, неуспесите се сведуваат на минимум);
  • поголема одговорност и свест на вработените;
  • подобрување на статусот на фирмата;
  • вреднување и документирање на работните задачи;
  • способност за натпреват на иста основа со поголеми организации;
  • можност за освојување на нови пазари;
  • подобро искористување на времето и ресурсите;
  • подобра идентификација на производот или услугата;
  • зголемен профит;
  • континуирано унапредување на квалитетот и ефикасноста.

Една од главните предности на ISO 9001:2008 е неговата применливост на сите видови дејности. Развиен е со користење на осумте основни принципи за управување со квалитет. Осумте основни принципи создаваат цврсти темели кои Раководството ги препознава како алат за водење на успешен бизнис.
ISO 9001:2008 го истакнува управувањето со процесите, мерењата, постојаните подобрувања, достигнувањето на целите и зголемената вклученост на врвното Раководство.