ISO 14001:2004 - Систем за управување со животна средина

Целта на ISO 14001:2004 е управување со влијанијата врз животната средина, кои се создаваат при реализација на работните процеси во една Организација. Со имплементација на ISO 14001:2004, се утврдува кои од работнте процеси во Организацијата ја загадуваат животната средина, се идентификуваат реални цели и се превземаат мерки за остварување на целите за заштита на животната средина.

ОСНОВНИ НАЧЕЛА НА ISO 14001:2004

Основна цел на ISO 14001:2004 е заштита на животната средина преку спречување или намалување на влијанијата што организација ги врши врз животната средина. Спречувањето или намалувањето на влијанијата врз животната средина се врши со примена на следните чекори:

 

  • дефинирање на Политика за животна средина;
  • идентификација на аспектите врз животната средина;
  • вреднување на аспектите врз животната средина;
  • дефинирање на цели и програм за заштита на животната средина;
  • запознавање на вработените со аспектите на организацијата и начините за нивно спречување или намалување;
  • контрола над операции кои имаат влијание врз животната средина, како што се управување со отпад и опасни материјали;
  • управување со вондредни состојби.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИ ОД ВОВЕДУВАЊЕ НА СТАНДАРДОТ ISO 14001:2004

  • унапредување на односите со јавните служби, службите за надзор на заштита на животната средина и локалните заедници;
  • рано препознавање на проблемите од областа на животната средина;
  • транспарентност на организацијата;
  • задоволување на законските прописи и други барања;
  • потврда за определба на организацијата кон заштитата на животната средина;
  • намалување на ризикот за доведување до еколошка катастрофа.

ISO 14001:2004 е меѓународно признат стандард кој бара од Организациите, ефективно управување со своите влијанија врз животната средина низ посветеност за спречување или намалување на загадувањата, усогласеност со законската регулатива и постојано подобрување.

Со подобро управување на работните процеси во вашата компанија, можете да покажете дека работите на еколошки одговорен начин, при тоа усогласувајки ги релевантните закони и компаниската политика за заштита на животната средина.

ISO 14001:2004 бара посветеност кон постојано подобрување на придонесот за заштита на животната средина, а резултат на тоа ќе биде ефикасно користење на суровините, намалување на отпадот и намалување на трошоците.