Еуромак Контрол
Ул.Стогово бр.13А
1000 Скопје, Македонија

тел/факс: +389(2) 3124 322
mail@euromakkontrol.com


Изјава за постапување со доверливи информации и сопственичките права на корисникот

Изјава за постапување со доверливи информации и сопственичките права на корисникот

Сите корисници на услугите на инспекциското тело, организации и поединци, имаат право на заштита на било која своја информација која ќе ја дадат. Вработениот мора да обезбеди доверливост на информациите, кои потекнуваат од извршување на задачата за нарачателот на работата. Управувањето со рамнотежата меѓу барањата за доверливост на информацијата и јавната достапност на истите, влијае на создавање на доверба кај заинтересираните страни во работењето на инспекциското тело.

 

Целиот персонал на инспекциското тело, вклучувајќи ги и поддоговарачите, персоналот на надворешните тела и поединците кои дејствуваат во име на Инспекциското тело, мораат во доверливост да ги чуваат сите информации што се добиени или креирани во текот на извршувањето на активностите за инспекција, освен оние што е потребно да се откријат според законот.

           

Инспекциското тело е правно одговорно за управување со сите информации, добиени или создадени во текот на изведбата на работните активности за корисникот. По правило, инспекциското тело однапред го информира корисникот, во адекватната понуда/договор за работењето, за информациите од работењето со корисникот, кој накнадно ќе бидат јавно достапни. Со исклучок на информацијата со наведена согласност на инспекциското тело и корисникот (на пример, во корист одговор на приговорите), или информации кој корисникот јавно ги пружа, сите останати информации се доверливи.

 

Ако постои обврска на инспекциското тело, која потекнува од прописите или од договорот, да соопшти доверлива информација, корисникот за тоа ќе биде обавестен, освен ако тоа не е забрането со прописи.

 

Следните информации од работењето на инспекциското тело се сметаат доверливи или сопственост, и нема да бидат соопштени без соодветно барање и одобрување:

 

§    информациите за количината и специфичните својства на поднесените предмети на контролирање;

§    услови за прием на предметот на контролирање, податоци и резултати од контролирање , соодветен извештај за контролирање, или било кој податоци за подесување на предметот на контролирање;

§    податоци на сопственикот за дизајнот/проектот на предметот на контролирањето;

§    име, адреса и информација за контактите со корисникот;

§    било која проблематична информација или податок издаден на поединечен корисник;


Сите барања за наведените доверливи/сопственички информации, доставени преку телефон, телефакс или електронска пошта, ќе бидат одбиени. На поднесителите на таквите барања ќе им биде соопштено своето барање да го поднесат во пишан облик, на службено работно писмо, и да го дадат на Управителот на инспекциското тело.

 

Официјално применото барање ќе биде преиспитано од гледна точка на барањата според важечките прописи. Подносителот на барањето ќе биде известен за резултатите на ова преиспитување во разумен рок.

 

Во случај на негативни резултати од преспитувањето, подносителот на барањето ќе добие службен допис од Управителот за одбивање на барањето.

 

 

Во случај на позитивни резултати од преиспитувањето, подносителот на барањето ќе добие информација од Управителот дека барањато е прифатено.

 

________________________________________________________________

 

Непридржувањето на овие правила се смета за повреда на работните обврски.

 

Должноста на чување на работните тајни трае и по престанок на работниот однос во Еуромак Контрол.