OHSAS 18001:2007 - Систем за управување со здравје и безбедност при работа

Цел на OHSAS 18001:2007 е спречување или намалување на повредите на работното место и подобрување на работните услови.

ОСНОВНИ НАЧЕЛА НА OHSAS 18001:2007
Основна цел на OHSAS18001:2007 е сигурноста на вработените на работното место со примена на следните чекори:

  • дефинирање на Политика за здравје и безбедност на вработените;
  • идентификување на опасностите согласно законските прописи;
  • проценка на ризик на секое работно место;
  • дефинирање на цели и мерки за заштите на вработените;
  • запознавање на вработените со ризикот на работното место на кое работат;
  • запознавање на вработените со мерките за заштита, лични заштитни средства и давање на прва помош;
  • мониторинг на работните услови и на местата со зголемен ризик на работа;

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ВОВЕДУВАЊЕ НА СТАНДАРДОТ OHSAS 18001:2007

  • ги сведува на минимум повредите на работното место;
  • ги заштитува сите вработени во Организацијата како и посетителите во Организацијата;
  • влијае врз спремноста на Раководството за првовремено отклонување на опасноста;
  • усогласување на работнте процеси и работните услови со законските прописи;
  • ја подобрва генералната слика на Организацијата;
  • дава предност на домашниот и меѓународниот Пазар.