CE - знак за безбеден производ

Новите Европски Директиви поставуваат темел на сигурносните барања кои мораат да бидат исполнети, за да може производот слободно да се дистрибуира внатре во Европска унија.

Основа за работењето на пазарот на Европската унија е усогласување на правниот состав на секоја Држава и Европската Унија, т.е превземање на директиви со кои се осигурува заштитата на животот, на здравјето, околината и потрошувачите.

СЕ знак е задолжителна ознака на производите за кои постои директива. Со него се покажува дека производот ги задоволува сите основни барања на соодветната директива и адекватните усогласени европски норми. Производот со CE ознака и со Изјава од произведувачот може да се продава во секоја земја член на Европската Унија.

Новите Европски Директиви поставуваат основни сигурносни барања кои мораат да се исполнуваат, за да може производот слободно да се дистрибуира внатре во Европската унија. Европските директиви се заменуваат со национални регулативи и поставуваат нови правила за оние кои ги дистрибуираат производот во Европа.

Што може Еуромак-Контрол да направи за вас?

Еуромак Контрол може да ви помогне при подготовка на техничка документација за добивање на СЕ знакот за вашите производи, согласно Европските Директиви.