Еуромак Контрол
Ул.Стогово бр.13А
1000 Скопје, Македонија

тел/факс: +389(2) 3124 322
mail@euromakkontrol.com


Предноста на ЕМК

Еуромак-Контрол им помага на македонските производители и компании да ги зголемат извозните можности преку контролата на квалитетот на нивните производи. Истовремено преку имплементација на меѓународно признатите стандарди (ISO, HACCP, CE, EURGAP) Еуромак-Контрол ви ги доближува европските пазари, стандарди на живеење и го заштитува здравјето на потрошувачите.

 

На своите клиенти им го нудиме својот добро познат квалитет и брзина при реализација на услугите, објективност и непристрасност. Долгогодишното искуство и константноста во давање врвни услуги како и нашата “Гаранција за Квалитет” не прават лидер во нашата индустрија и синоним за компанија која нуди квалитет. Тоа го потврдува и долгата референтна листа на задоволни клиенти кои редовно ги користат нашите услуги и ја користат нашата експертиза.

 

Нашата стратешка цел е да нудиме најдобри услуги за најдобрите. Затоа, соработуваме и ја имаме довербата на најдобрите домашни компании од сите индустрии и сектори. Исто така соработуваме и со сите државни институции, лаборатории и државни тела за контрола на квалитет и квантитет.

 

Уверени сме, дека услугите кои ги нуди Еуромак-Контрол коже да бидат од интерес за работењето и на вашата организација и ве покануваме да не контактирате за да дознаете како нашите услуги и искуства можат да ви помогнат и вие да станете лидер во вашата индустрија.