Еколошки елаборати и студии

Согласно овластувањата од надлежните министерствата, Еуромак-Контрол изработува: 

  • Еклошки елаборати
  • Оценка на влијание врз животната средина
  • Стратешка оценка на влијание врз животна средина
  • Планови за управување со отпад
  • Локални еколошки акциони планови
  • Предлог мерки (идејни решенија со анализа)
  • Документација за добивање на Интегрирана Еколошка Дозвола (IPPC) А и Б.

 Вршиме мерења на:

  • бучава
  • прашина
  • вибрации
  • издувни гасови од оџак
  • штетни гасови
  • отпадни води

 

Експертите на Еуромак Контрол за оценка на влијание на животна средина се потврдени на листата на експерти на Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање.  Еуромак Контрол поседува овластување од Министерство за животна средина и просторно планирање за определени стручни работи за заштита и унапредување на животната средина и природата, Решение бр.07-1728/1.

Испитувањата и консалтингот се вршат од страна на постојано вработен и технички високообразовен персонал со меѓународни обуки и искуство во контролата на квалитетот и квантитетот на стоки и имплементација на меѓународните стандарди.  Сите испитувања кои ги врши Еуромак-Контрол се вршат согласно MKC - Стандарди, ISO Стандарди, ASTM Стандарди, DI Стандарди.