АНКЕТА

Кога планирате да започнете со транзиција на новата верзија на стандардот ISO 9000:2015?




Гласај
 
Листа анкети

Еуромак Контрол
Ул.Стогово бр.13А
1000 Скопје, Македонија

тел/факс: +389(2) 3124 322
mail@euromakkontrol.com


НОВОСТИ

  

MKS EN ISO 15189 : 2013

Имплементација на MKS EN ISO 15189 : 2013 во РЕ Лабораториска дејност при ЈЗУ Клиничка болница, Штип.

Тимот на Еуромак Контрол во соработка со професионалниот кадар на РЕ Лабораториска дејност при ЈЗУ Клиничка болница - Штип, успешно ја завршија имплементацијата на MKS EN ISO 15189 : 2013.

  

Општина Берово

Имплементација на ISO 9001:2008 во Општина Берово

Тимот на Еуромак Контрол со 9 успешно имплементирани менаџмент системи ја потврдува својата компентентност во имплментација на стандардите во локалната самоуправа. Најновата Општинска самоуправа која го докажа своето квалитетно работаење преку имплементација на Системот за менаџмент со квалитет е Општина Берово.

  

Државен Инспекторат за транспорт

Имплементација на ИСО 9001:2008 во Државен Инспекторат за транспорт

Државен Инспекторат за транспорт влезе во тимот на успешно имплементирани менаџмент системи. Во текот на 2015 година Еуромак Контрол во соработка со компентентнио тим на Државен инспекторат за транспорт, успешно ја заврши имплементацијата на Системот за квалитет согласно меѓународниот стандард ISO 9001:2008.

  

Имплементација на MKS EN ISO 15189 : 2013

Имплементација на MKS EN ISO 15189 : 2013 во ОЕ Дијагностичка биохемиска лабораторија и ОЕ Патологија при ЈЗУ Клиничка болница - Тетово.

Успешно е завршена е имплементацијата на MKS EN ISO 15189 : 2013 во ОЕ Дијагностичка биохемиска лабораторија и ОЕ Патологија при ЈЗУ Клиничка болница - Тетово.

  

Прва имплементација на MKS EN ISO 15189 : 2013

Прва имплементација на MKS EN ISO 15189 : 2013 Медицински Лаборатории - посебни барања за квалитет и компентентност во Оддел Лабораториска Дијагностика при ЈЗУ Клиничка Болница Битола

Тимот на Еуромак Контрол, успешно ја изврши првата имплементација на MKS EN ISO 15189 : 2013 Медицински Лаборатории - посебни барања за квалитет и компентентност во Оддел Лабораториска Дијагностика при ЈЗУ Клиничка Болница Битола.

  

Средба на партнери SIQ и Еуромак – Контрол

Средба на партнери SIQ и Еуромак – Контрол

На ден 18.10.2012 год. SIQ и Еуромак – Контрол, ја одржаа традиционалната годишна Средба на Партнери на SIQ, со своите Организации, партнери и соработници, во Ресторанот Воденица.
Во текот на официјалниот дел Еуромак Контрол промовираше дел од своите активности во областа: Енергетска ефикасност и Контрола на производи при увоз/извоз во Р.М.

  

Оддел Лабораторија на ЕУРОМАК КОНТРОЛ

Оддел Лабораторија на ЕУРОМАК КОНТРОЛ

Одделот Лабораторија на ЕМК го проширува опсегот на акредитација за испитување во животна средина.
Одделот Лабораторија при Еуромак Контрол, како акредитирана лабораторија (ЛТ -024) работи во областа животна и работна средина – во сопствена лабораторија и на терен.
Одделот Лабораторија на ЕМК го проширува опсегот на акредитација за следните подрачја:
- мерења и анализа на ниво на бучава
- мострирање на примероци од површински и отпадни води
- хемиски испитувања на параметрите за квалитет на води (NH4 +,NO3-,Cl-,SO42-,Fe,Mn,TOC)

  

Безбедност и здравје при работа

Еуромак Контрол воспостави нови партнериски односи со Dräxlmaier Group, Кавадарци

Експертскиот тим на Стручни лица за безбедност при работа е ангажиран за спроведување на Законот за безбедност и здравје при работа во новата фаабрика на Dräxlmaier Group, Кавадарци.

  

Квалитативна и квантитативна инспекција на нафта и

Квалитативна и квантитативна инспекција на нафта и нафтени деривати

Согласно рамковниот договор за 2012 година, Одделот Инспекција на Еуромак Контрол на 28.12.2012 год. ја реализира втората фаза на квалитативна (мострирање) и квантитативна контрола на количини на нафта и нафтени деривати на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати на Република Македонија.
Во 2013 година, тимот на Одделот Инспекција продолжува со инспекциските активности при квалитативна и квантитативна контрола на нафта и нафтени деривати во јавните установи – училишта и градинки во Р.Македонија.

  

Мерења и анализа на загадувачи во животната средин

Еуромак Контрол, Оддел Лабораторија врши мерења и анализи на загадувачите на животната средина.

Тимот на аналитичари од Одделот Лабораторија продолжува со мониторинг на квалитетот на загадувачите на површинските и отпадните води.
По успешно реализираниот мониторинг на квалитетот на површински води од сливот на Злетовска река, Одделот Лабораторија врши мониторинг на квалитетот на отпадни води од РЕК Битола.
Исто така Одделот Лабораторија на Еуромак Контрол врши мониторинг на квалитетот на амбиенталниот воздух во град Скопје во соработка со Град Скопје, Општината Аеродром и Општината Карпош.

  

Конкурс за работно место - консултант

Еуромак Контрол има потреба од консултант - инженер за работа во
Сектор за заштита на животната средина и безбедност и здравје при работа (БЗР).

Еуромак Контрол има потреба од консултант - инженер за работа во
Сектор за заштита на животната средина и безбедност и здравје при работа (БЗПР).
Потребни квалификации на консултантот:
- Диплома за завршен факултет: Електротехнички, Технолошки или Природно - математички (отсек физика - хемија);
- Петгодишно искуство во областа на БЗПР и/или заштита на животната средина;
- Активно познавање на англискиот јазик во соодветните области;
- Работа со MS Office;
- Возачка дозвола од В категорија.

Како предности при рангирањето ќе се сметаат:
- Уверение за положен стручен испит за стручно лице за безбедност при работа при МТСП на РМ;
- Познавањето на процесот на имплементација на ISO 17025:2006, 14001:2004 и/или 18001:2007; и/или
- Потврда за положен стручен испит за стекнување на статус експерт за оцена на влијанието
на проектите врз животната средина.

Потребна документација која треба да се приложи:
- CV;
- Диплома за завршено високо образование;
- М1/М2 или работничка книшка за досегашното работно искуство.

  

ОБУКА ЗА ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ

Еуромак Контрол, на ден 30.11.2012 и 1.12.2012 год, организира Обука за интерни проверувачи, согласно барањата на Стандардот ISO 9001:2008.

Обуката е наменета за менаџери за квалитет, сопственици на бизнис, контролори на квалитет, интерни проверувачи, персонал за набавка, менаџери на производство, технолози и инженери, членови на тим за квалитет, лица вклучени во имплементација, персонал за продажба, како и сите останати кандидати кои се заинтересирани да се информираат и да станат интерни проверувачи на Стандардот ISO 9001:2008.
Обуката се состои од предавања, презентации и практични вежби. Во текот на обуката кандидатите ќе бидат оценувани континуирано како за индивидуалната така и за тимската работа.
За да ја посетите оваа обука неопходно е да ja пополните Пријавата за учество на обука за интерни проверувачи.

  

Оддел Консалтинг на ЕУРОМАК КОНТРОЛ

Во рамките на создавање на култура за унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствените услуги, успешно е реализирана имплементацијата на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2008 и IWA 1

Во рамките на создавање на култура за унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствените услуги, успешно е реализирана имплементацијата на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2008 и IWA 1 насоки за подобрувања на процесите во услужните здравствени организации во десет Јавни здравствени установи:
1. ЈЗУ Универзитетска клиника за уво, нос и грло

2. ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија

3. ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија

4. ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар

5. ЈУ од областа на здравството

6. ЈЗУ завод за рехабилитација на слух, говор и глас

7. ЈЗУ Универзитетска клиника за максилофацијална хирургија

8. ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија

9. ЈЗУ Универзитетска клиника за урологија

10. ЈЗУ Универзитетска клиника за детска хирургија


Заедничките искуства при имплементирањето на Системот за менаџмент со квалитет ни покажуваат дека подобрувањето за квалитет не зависи од поголем број на вработени, опрема или финансиски средства, туку од реорганизација на користење на постојните ресурси и промена на начинот на работа.

  

Инспекција на нафта и нафтени деривати

Секторот Инспекција на Еуромак Контрол потпиша рамковен договор за тековната 2012 година за квалитативна (мострирање) и квантитативна контрола на нафтените деривати на Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати на Република Македонија.

Секторот Инспекција на Еуромак Контрол потпиша рамковен договор за тековната 2012 година за квалитативна (мострирање) и квантитативна контрола на нафтените деривати на Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати на Република Македонија.

  

ОБУКА ЗА ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ

Еуромак Контрол во соработка со Сертификационото тело, Lloyd’s Register Quality Assurance (LRQA), членка на Lloyd’s Register Group, ќе одржи обука за интерни проверувачи, согласно стандардот ISO 9001:2008. Обуката ќе се одржи во петок и сабота, од 02.12 до 03.12.2011 во Хотел Аристократ Палас, Скопје.

Еуромак Контрол во соработка со Сертификационото тело, Lloyd’s Register Quality Assurance (LRQA), членка на Lloyd’s Register Group, ќе одржи обука за интерни проверувачи, согласно стандардот ISO 9001:2008. Обуката ќе се одржи во петок и сабота, од 02.12 до 03.12.2011 во Хотел Аристократ Палас, Скопје. На крајот од обуката, по успешно положениот писмен испит, учесниците ќe се здобијаt со сертификат за интерни проверувачи согласно стандардот ISO 9001:2008, од страна на сертификационото тело, Lloyd’s Register Quality.

Цената на дводневна обука е 14.200,00 денари плус 18 % ДДВ.
Во оваа цена се вклучени сите трошоци кои се однесуваат на:
• Котизација за учество (вклучена пауза за кафе и ручек и освежување)
• Материјали за обуката
• Испит
• Сертификат за кандидатите кои успешно ќе ја положат обуката за Интерни проверувачи за управување со системи за квалитет ISO 9001:2008.


ПРОГРАМА ЗА ОБУКА

ЗА ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ
НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ СОГЛАСНО ISO 9001:2008

02 Декември 2011
Време Активности
09:00 Лекција 1 - ВОВЕД
09:30 Лекција 2 - ВЕРИФИКАЦИЈА НА ПРЕДКУРСНО ЧИТАЊЕ
10:30 ПАУЗА (15 минути)
10:45 Лекција 2 - ВЕРИФИКАЦИЈА НА ПРЕДКУРСНО ЧИТАЊЕ
11:15 Лекција 3 - ISO 9001 БАРАЊА НА ИНТЕРНАТА ПРОВЕРКА
11:45 Лекција 4 - ЦИКЛУС НА ПРОВЕРКА,ОДГОВОРНОСТИ И ОВЛАСТУВАЊА
12:45 РУЧЕК (45 минути)
13:30 Лекција 5 - ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОВЕРКАТА
15:00 ПАУЗА (15 минути)
15:15 Лекција 5 - ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОВЕРКАТА
17:00 Лекција 6 - ТЕСТ
17:30 Крај на првиот ден

03 Декември 2011
Време Активности
08:30 Лекција 7 - УПРАВУВАЊЕ СО ПРОВЕРКИТЕ
09:30 Лекција 8 - ИДЕНТИФИКУВАЊЕ, ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА НЕУСОГЛАСЕНОСТИ И ПОДОБРУВАЊЕ
10:00 ПАУЗА (15 минути)
10:15 Лекција 9 - ВЕЖБАЊЕ НА ПРОВЕРКА
12:30 РУЧЕК (45 минути)
13:00 Лекција 9 - ВЕЖБАЊЕ НА ПРОВЕРКА
14:00 Лекција 10 - КОРЕКЦИИ, КОРЕКТИВНИ МЕРКИ, ПРАТЕЊЕ И ПРЕИСПИТУВАЊЕ ОД СТРАНА НА РАКОВОДСТВОТО
15:00 Лекција 11 - ПРЕГЛЕД НА КУРСОТ И ИСПИТ
16:00 Крај на курсот

  

Проценка на ризик - Систина Клиничка Болница

Во тек е реализација на Проект од областа на безбедност и здравје во Клиничката Болница СИСТИНА.

Во тек е реализирање на Проект од областа на безбедност и здравје во СИСТИНА Клиничка Болница.
Услуги кои што ќе се реализираат се следните: проценка на ризик, обука за здравје и безбедност, мерење на микроклиматски услови, физички и хемиски штетности и мерења за заштитно заземјување.

  

ИСО 9001:2008 - Јавни Институции

Експертскиот тим на Еуромак Контрол, продолжува со успешна работа во Јавните институции и започнува со имплементацијата на ИСО 9001:2008 во Агенција за катастер на недвижности.

По успешно завршени проекти во Општина Битола, Општина Велес, Општина Гевгелија, Општина Тетово, Општина Илинден и Општина Центар, тимот на Еуромак Контрол, ја докажува својата експертиза за имплементација на стандардите и во Јавните институции.
Експертскиот тим на Еуромак Контрол, продолжува со успешна работа во Јавните институции и започнува со имплементацијата на ИСО 9001:2008 во Агенција за катастер на недвижности.

  

Инспекција на нафта и нафтени деривати

Инспекција на нафта и нафтени деривати, експертска област на Инспекцискиот тим на Еуромак Контрол.
Квалитативна (мострирање) и квантитативна контрола на нафтените деривати на Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.

Успешно завршена првата фаза на Квалитативна (мострирање) и квантитативна контрола на нафтените деривати на Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.

  

Акредитирана лабораторијата на Еуромак Контрол

На 23.05.2011 Институтот за Акредитација на Република Македонија на Еуромак Контрол и додели акредитација за тестирање во областа на животната средина како и безбедност и здравје при работа согласно стандардот ИСО 17025:2006.

На 23.05.2011 Институтот за Акредитација на Република Македонија на Еуромак Контрол и додели акредитација за тестирање во областа на животната средина како и безбедност и здравје при работа согласно стандардот ИСО 17025:2006. Со добивањето на акредитацијата на еколошката лабораторија на Еуромак Контрол, сите извештаи од мерењата ќе бидат меѓународно признати и можат да се користат како референтни. За да се здобие со оваа акредитација, лабораторијата на Еуромак Контрол вложи голем труд и голема инвестиција, како во кадар така и во опремување на самата лабораторија со инструменти кои се врв во самата индустрија. Со оваа акредитацијата се исполни уште една стратешка цел на компанијата да биде лидер во својот сегмент во државата и на балканот во имплементирање на меѓународни стандарди со што ја докажува својата заложба за нудење врвни услуги. Еуромак Контрол е сертифицирана согласно ИСО 9001 - Систем за Менаџирање со Квалитет, ИСО 14001 - Систем за Менаџирање со Животна Средина, ИСО 17020 - Акредитација на Инспекциско тело за контрола на квалитет и квантитет и ИСО 17025 - Акредитација на лабораторија за тестирање во животна средина и безбедност и здравје при работа.

  

Проекти од областа на здравје и безбедност

Успешно реализиран Проект од областа на безбедност и здравје при работа во ФКН Фабрика за кабли - Неготино.

Успешно реализиран Проект од областа на безбедност и здравје при работа во ФКН Фабрика за кабли - Неготино. Во текот на Проектот се реализирани следните услуги:
- Проценка на ризик на 115 работни места,
- Обука за здравје и безбедност при работа на 220 вработени,
- Мерења на микроклиматски услови, хемиски и физички штетности во производствените погони и административни канцеларии,
- Мерење на заштитно заземјување и громобранска инсталација во производствените погони и административните канцеларии,
- Редовно тестирање и контрола на опремата.

  

ISO 14001; OHSAS 18001 во Ф-ка за Кабли Неготино

Фабрика за кабли – ФКН ДООЕЛ, Неготино во соработка со Еуромак – Контрол е во завршна фаза на процесот на имплементација на ISO 14001:2004 и започна со имплементација на Систем за менаџмент со здравје и безбедност при работа согласно OHSAS 18001:2007.

Фабрика за кабли – ФКН ДООЕЛ, Неготино во соработка со Еуромак – Контрол е во завршна фаза на процесот на имплементација на Систем за менаџмент со животна средина, согласно барањата на ISO 14001:2004 и започна со имплементација на Систем за менаџмент со здравје и безбедност при работа согласно барањата на Стандардот OHSAS 18001:2007. Фабрика за кабли – ФКН ДООЕЛ, Неготино постои четири децении и се занимава со производство на флексибилни, инсталациски, телефонски, енергетски и среднонапонски кабли.

  

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

ЕУРОМАК КОНТРОЛ се здоби со овластување за вршење на работи од областа на безбедност и здравје при работа.

Со решение на Министерот за труд и социјална политика бр.07-4052/4 од 19.07.2010 ЕУРОМАК КОНТРОЛ доби дозвола и овластување за вршење на работите од областа на безбедност и здравје при работа вклучително држење на обуки за безбедност и здравје при работа, изработка на изјава за безбедност, изработка на проценка на ризик на работно место, вршење на периодични мерења на хемиски и физички штетности и на микроклиматски услови во работна средина, редовно тестирање и контрола на опрема.

  

Имплементација на ISO 9001 во Општина Центар

ЕУРОМАК - КОНТРОЛ започна со имплементација на Системот за управување со квалитет ИСО 9001:2008 во Општина Центар.

Општина Центар со помош на консултантската куќа ЕУРОМАК - КОНТРОЛ започна со имплементација на Системот за управување со квалитет согласно меѓународниот стандард ИСО 9001:2008. Основна цел за имплементирањето на Системот за управување со квалитет е преку врвен квалитет на услуги ефикасно да се исполнат барањата и очекувањата на граѓаните во Општина Центар. Системот ќе се воспостави на ниво на целата структура на Општина Центар.

  

Имплементиран ISO 9001 во Општина Илинден

Консултантскиот тим на ЕУРОМАК - КОНТРОЛ и Тимот за квалитет на Општина Илинден на 22 Јули успешно ја завршија имплементацијата на Системот за управување со квалитет согласно барањата на меѓународниот стандард ИСО 9001:2008.

Консултантскиот тим на ЕУРОМАК - КОНТРОЛ и Тимот за квалитет на Општина Илинден на 22 Јули успешно ја завршија имплементацијата на Системот за управување со квалитет согласно барањата на меѓународниот стандард ИСО 9001:2008.
Основна цел за имплементирање на Систем за управување со квалитет е преку врвен квалитет на услуги, општината ефикасно да ги исполни барањата и очекувањата на граѓаните во Општина Илинден.

  

ОБУКА ЗА ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ ЗА ИСО 9001:2008

Еуромак Контрол во соработка со Сертификационото тело, Lloyd’ s Register Quality Assurance (LRQA) од 07.07 до 09.07.2010 во Скопје одржа курс за интерни проверувачи согласно новото издание на стандардот ISO 9001:2008.

Еуромак Контрол во соработка со Сертификационото тело, Lloyd’ s Register Quality Assurance (LRQA) од 07.07 до 09.07.2010 во Скопје одржа курс за интерни проверувачи согласно новото издание на стандардот ISO 9001:2008. На крајот од обуката, по успешно положениот писмен испит, учесниците се здобија со сертификат за интерни проверувачи согласно стандардот ISO 9001:2008, од страна на сертификационото тело, Lloyd’s Register Quality Assurance.

  

Имплементација на GLOBAL GAP во ЕКО Оранжерии

ЕКО Оранжерии е регионален ЛИДЕР во областа на земјоделсско производство на овошје и зеленчук.Основна цел на ЕКО Оранжерии Анска Река е производство на безбеден производ, применувајќи ги добрите земјоделски производни постапки.

Имплементација на GLOBAL GAP во ЕКО Оранжерии, Анска Река - Валандово.
Во Јануари 2010 година, започна имплементација на Системот GLOBAL GAP и ISO 22000 во ЕКО Оранжерии. ЕКО Оранжерии е регионален ЛИДЕР во областа на земјоделсско производство на овошје и зеленчук.Основна цел на ЕКО Оранжерии Анска Река е производство на безбеден производ, применувајќи ги добрите земјоделски производни постапки. Со воспоставување на GLOBAL GAP и ISO 22000 во ЕКО Оранжерии се врши контролирана употреба на количество на ѓубрива и пестициди, почитување на законските обврски, стручно оспособување на вработените и заштита на животната средина.

  

Имплементација на ИСО 9001:2008 во Општина Илинден

На 29 Март ЕУРОМАК - КОНТРОЛ, започна со имплементација на Системот за управување со квалитет ИСО 9001:2008 во Општина Илинден.

На 29 Март ЕУРОМАК - КОНТРОЛ, започна со имплементација на Системот за управување со квалитет согласно меѓународниот стандард ИСО 9001:2008. Основна цел за имплементирањето на Системот за управување со квалитет е преку врвен квалитет на услуги ефикасно да ги исполни барањата и очекувањата на граѓаните во Општина Илинден. Системот ќе се воспостави на целата структура на Општина Илинден преку интервјуа со Раководителите на одделенијата и извршителите на активностите.

  

ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РАБОТНО МЕСТО

Согласно Законот за безбедност и здравје при работа, Организациите мора да изработат “ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РАБОТНО МЕСТО“.

Согласно Законот за безбедност и здравје при работа, Организациите мора да изработат “ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РАБОТНО МЕСТО“. За повеќе информации контактирајте не ...

  

ЕУРОМАК КОНТРОЛ - АКРЕДИТИРАНО ИНСПЕКЦИСКО ТЕЛО

ЕУРОМАК - КОНТРОЛ се стекна со акредитација за Инспекција на квалитет и квантитет на жита, производи од овошје и зеленчук, масла од растително потекло, течни горива и текстилни производи.

ЕУРОМАК - КОНТРОЛ, се стекна со сертификат за акредитација на Инспекциско тело за Инспекција на квалитет и квантитет на жита, производи од овошје и зеленчук, масла од растително потекло, течни горива и текстилни производи.
На 15 Март, Институтот за акредитација го издаде Сертификатот за акредитација на Инспекциско тело на Еуромак Контрол.

  

Обука за OHSAS 18001:2007

Еуромак - Контрол со подршка на УНДП, од 09 - 12.02.2010 изведе обука за OHSAS 18001:2007 - Систем за управување со здравје и безбедност при работа за преставниците од македонските рудници - Рудник САСА, Рудник Бучим, ИММ Рудник Злетово и ИММ Рудник Тораница.

Еуромак - Контрол со подршка на УНДП, изведе обука за OHSAS 18001:2007 - Систем за управување со здравје и безбедност при работа за преставниците од македонските рудници - Рудник САСА, Рудник Бучим, ИММ Рудник Злетово и ИММ Рудник Тораница.Обуката се одржа во Хотел Оаза - Штип од 09 - 12.02.2010 год.

  

Обука за ISO 14001 - Управување со животна средина

Еуромак - Контрол со подршка на УНДП изведе обука за ISO 14001:2004 - Систем за управување со животна средина за претставниците од македонските рудници - Рудник САСА, Рудник Бучим, ИММ Рудник Злетово и ИММ Рудник Тораница.

Еуромак - Контрол со подршка на УНДП изведе обука за Систем за управување со животна средина согласно барањата на стандардот ИСО 14001:2004 на која учествуваа преставници од Рудник САСА, Рудник Бучим, ИММ Рудник Злетово и ИММ Рудник Тораница. Обуката се одржа во Хотел Оаза - Штип од 20 - 23.01.2010.

  

ISO 9001:2008 и ISO 14001:2004 во ЕЛЕКТРОИЗГРАДБА

ЕЛЕКТРОИЗГРАДБА - СКОПЈЕ, претпријатие за одржување, реконсктрукција и изградба на улично јавно осветлување, во соработка со ЕУРОМАК-КОНТРОЛ, започна со имплементација на ISO 9001:2008 - Систем за управување со квалитет и ISO 14001:2004 - Систем за управување со животна средина.

ЕЛЕКТРОИЗГРАДБА - СКОПЈЕ, претпријатие за одржување, реконсктрукција и изградба на улично јавно осветлување, во соработка со ЕУРОМАК-КОНТРОЛ, започна со имплементација на ISO 9001:2008 - Систем за управување со квалитет и ISO 14001:2004 - Систем за управување со животна средина.

  

ISO 14001и ISO 18001 во ГД Гранит АД - Скопје

На 30.07.2009 Градежното Друштво ГРАНИТ АД- Скопје успешно го сертифицираше Системот за управување со заштита на животната средина ISO 14001:2004 и Системот за управување со здравје и безбедност при работа OHSAS 18001:2007.

На 30.07.2009 градежното друштво ГРАНИТ АД- Скопје успешно се сертифицираше согласно барањата на ISO 14001:2004- Систем за управување со заштита на животната средина и OHSAS 18001:2007- Систем за управување со здравје и безбедност при работа.

  

Имплементиран ISO 9001:2008 во 4 општини

ЕУРОМАК-КОНТРОЛ успешно ја заврши имплементацијата на ISO 9001:2008 во четирите (4) општини Битола, Тетово, Гевгелија и Велес.

ЕУРОМАК-КОНТРОЛ заврши со имплементација на ISO 9001:2008 - Систем за управување со квалитет во Општините Битола, Тетово, Гевгелија и Велес.

  

ISO 14001:2004; ISO 18001:2007 - АД Гранит

АД Гранит е во тек на имплементација на Системот за управување со животната средина ISO 14001:2004, како и Системот за управување со заштита на здравје и безбедност при работа ISO 18001:2007.

АД Гранит започна со имплеметација на Системот за управување со животната средина согласно барањата на стандардот ISO 14001:2004 и Системот за управување со заштита на здравје и безбедност при работа согласно барањата на стандардот ISO 18001:2007.

  

ISO 14001:2004 во АД БЕТОН - Скопје

АД БЕТОН - СКОПЈЕ - влезе во тимот на успешно сертифицирани компании според стандардот за заштита на животната средина ISO 14001:2004.

ЕУРОМАК-КОНТРОЛ во почетокот на март 2008 година започна со имплементирање на ISO 14001:2004 стандардот во АД БЕТОН - СКОПЈЕ. По успешната сертификациска проверка "БЕТОН" се здоби со сертификат ISO 14001:2004 од страна на SIQ. АД "БЕТОН" - СКОПЈЕ се занимаваат со изведба на објекти во високоградба, нискоградба, хидроградба и индустриска градба, како и производство на бетон и бетонски производи.

  

НАССР во пракса- Обука

На 08.05.2009 година ЕУРОМАК-КОНТРОЛ одржа еднодневна обука на Тема HACCP во пракса во просториите на Бизнис едукативниот Центар во Скопје. На обуката беа присутни Менаџери, сопственици на фирми, Лидери на HACCP тимови и вработени во прехрамбениот сектор.

На 08.05.2009 година ЕУРОМАК-КОНТРОЛ одржа еднодневна обука на Тема HACCP во пракса во просториите на Бизнис едукативниот Центар во Скопје. На обуката беа присутни Менаџери, сопственици на фирми, Лидери на HACCP тимови и вработени во прехрамбениот сектор. Присутните стекнаа познавања од областа на безбедноста на храната, Добрата хигиенска пракса, Добрата производна пракса и HACCP принципите, т.е вештина за изработка на документацијата на реални примери, тимско решавање на проблемите коишто можат да се појават во текот на имплементацијата на HACCP системот.

  

ISO 9001 - Супериор-Ер

Супериор-Ер започна со имплеметација на ISO 9001 стандардот.

Во април месец, Супериор- Ер, започна со имплементација на системот за управување со квалитет- ISO 9001. Супериор- Ер е основан во 1992 год. како специјализирана компанија за производство и печатење на сите видови ролни, салотејпи, етикети, конфекционирање и печатење на хартиена и флексибилна амбалажа и кеси од хартија и фолија.

  

ISO 14001 - Синтек, Скопје

СИНТЕК - Скопје претставува синоним за градење на доверба, развој во областа на основната дејност - заштита на материјали и конструкции, се сертифицираше согласно меѓународниот стандард ISO 14001:2004.

На 4.3.2009, СИНТЕК - Скопје се сертифицираше согласно меѓународниот стандард ISO 14001:2004. Компанијата СИНТЕК постои веќе 22 години и претставува СИНОНИМ во областа на заштита на материјали и конструкции. Основна дејност на Синтек е Хидрозаштита на сите видови објекти, Киселоотпорна заштита, Анти корозивна заштита на метални и бетонски елементи, Заштита од пожари на дрвени и челични, конструкции како и на електрични кабли, Индустриски подови, Санација и Производство на градежни материјали.

  

ISO 14001 - АД Грозд, Струмица

АД ГРОЗД - Струмица, производител на безалкохолни и алкохолни пијалоци на 19.03.2009 се здоби со сертификатот ISO 14001:2004.

АД ГРОЗД од Струмица, производител на безалкохолни и алкохолни пијалоци се сертифицираше согласно меѓународниот стандард ISO 14001:2004 на 19.03.2009 год. Водечки производи во производната палета на АД ГРОЗД - Струмица се познатата Струмичка Мастика и безалкохолниот пијалок Струмка како и Битер Лемон, Шумски плодови, Липо и Грозд кола.

  

HACCP - АД Инекс Дрим, Струга

АД Инекс Дрим - Струга успешно го имплементираше HACCP системот

АД Инекс Дрим - Струга успешно го заврши процесот на имплементација на HACCP систем. Во периодот од Септември 208 до Јануари 2009 во објектите Хотел Дрим, Хотел Београд и Еурохотел, сопственост на АД Инекс Дрим, беше успешно воспоставен HACCP системот од страна на консултантите на Еуромак-Контрол, лидер во имплементација на HACCP системи во Македонија.

  

HACCP - АД Македонија Турист

Лидерот во Хотелско-угостителската дејност во Македонија, АД Македонија Турист успешно го воведе системот HACCP.

Лидерот во Хотелско-угостителската дејност во Македонија, АД Македонија Турист успешно го воведе системот HACCP. Во својот состав, АД Македонија Турист има 7 хотели и 3 ресторани. Со помош на стручниот тим на Еуромак-Контрол, системот HACCP беше воспоставен и документиран во следните објекти:
- Хотел Holiday Inn
- Best Western Хотел - Белви
- Best Western Хотел - Турист
- Хотел Карпош
- Хотел Бристол
- Хотел Јадран
- Хотел Водно
- Ресторан Пивница
- Паб Лондон
- Њујорк Универзитет - Ресторан

  

Еуро-Фарм - Скопје, ISO 9001:2000 и ISO 14001:2004

Фармацевтската компанија Еуро Фарм - Скопје, трговија со фармацевтски производи, се сертифицираше согласно меѓународните стандарди ISO 9001:2000 и ISO 14001:2004 на 20.11.2008 год.

Фармацевтската компанија Еуро Фарм - Скопје, трговија со фармацевтски производи, се сертифицираше согласно меѓународните стандарди ISO 9001:2000 и ISO 14001:2004 на 20.11.2008 год.

  

ISO 14001; 18001; 22000 - Винарија ММ Инвестмент

Винаријата ММ Инвестмент - Подружница Лозар Велес се сертифицираше согласно меѓународните стандарди ISO 14001:2004, ISO 18001:2007 и ISO 22000:2005.

Винаријата ММ Инвестмент - Подружница Лозар Велес се сертифицираше согласно меѓународните стандарди ISO 14001:2004, ISO 18001:2007 и ISO 22000:2005. Раководството и вработените на ММ Инвестмент го одбраа консултантскиот тим на Еуромак-Контрол и заедно ја постигнаа приоритетната цел а тоа е подобрување на позициите на домашниот и странскиот пазар преку имплементација на меѓународно признати стандарди и стекнување епитет - ПРОИЗВОДИТЕЛ НА НАЈКВАЛИТЕТНИ ВИНА И ПИЈАЛОЦИ.

  

ISO 9001:2000 и ISO 14001-Свем Инженеринг-Скопје

Свем Инженеринг - Скопје се сертифицираше согласно меѓународните стандарди ISO 9001:2000 и ISO 14001:2004 на 25.10.2008 год.

Свем Инженеринг - Скопје, основна дејност на Свем Инженеринг е изведба на НН и ВН мрежи, трафостаници и улично осветлување, одржување на НН и ВН мрежи, трефостаници и улично осветлување и Реконструкција на НН и ВН мрежи, Трафостаници и Улично осветлување се сертифицираше согласно меѓународните стандарди ISO 9001:2000 и ISO 14001:2004 на 25.10.2008 год.

  

ISO 9001:2000 и ISO 14001:2004 ДГУ Пелистер-Битола

ДГУ Пелистер-Битола се сертифицираше согласно меѓународните стандарди ISO 9001:2000 и ISO 14001:2004 на 20.10.2008

ДГУ Пелистер, Битола - Друштво за градежништво и услуги "Пелистер", Битола кое се занимава со проектирање и изведување на сите видови објекти од високо градба,нискоградба и хидроградба, реконструкција, санација, адаптација и сите видови градежно - занаетчиски работи,се сертифицираше согласно меѓународните стандарди ISO 9001:2000 и ISO 14001:2004 на 20.10.2008