ISO 17025:2005 - Стандард за акредитација на лаборатории за тестирање и калибрирање

ISO 17025 е Меѓународен Стандард (издаден од страна на Интернационалната Организација за Стандардизација) каде се дефинирани општите барања за вршење на лабораториски тестирања и/или калибрирање. Постојат 15 барања за управување (менаџмент) и 10 технички барања, кои што мора да ги исполни една лабораторија за истата да биде акредитирана. Барањата за управување во основа се поврзани со операциите и ефективноста на системот за управување со квалитет во лабораторија. Додека пак техничките барања се однесуваат компетентноста на персоналот, методологијата и опремата за тестирање/калибрирање.

НАЧИН ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ЛАБОРАТОРИСКО АКРЕДИТИРАЊЕ СО ISO 17025
Лабораторијата мора да има документиран систем за управување со квалитет, кој што претставува предуслов за лабораториско акредитирање. Дополнително, процедурите за управување со квалитет мора да бидат поставени на начин на кој што функционира системот. Документираниот систем понатаму мора да биде имплементиран во лабораторијата и да биде придружен со лабораториската апликација за акредитација. Периодот за имплементација трае неколку месеци во кој што се поставуваат процедури кои што ќе бидат предмет на ревизија од страна на акредитациското тело.

Како да се воспостави ISO 17025?

Стандардот ISO 17025 се воспоставува преку примена на моделот PDCA (Plan, Do, Check, Act)

P: Дефинирајте политика, програми, постапки и упатства согласно дефиниранот подрачје на кое што е применет системот, како би обезбедиле доверливост во квалитетот и резултатите од испитувањето и/или еталонирањето.
D: Применете ги барањаат кои што се однесуваат на управувањето, техничките барања и процесите.
C: Пратете ги и мерете ги процесите на испитување и/или еталонирање и споредете ги со дефинираната политика, цели и дефинираните барања и известувајте за резултатите.
A: Превземете активности за постојано подобрување на процесите.

Како до акредитација ?

  1. Поднесување на барање за акредитација
  2. Оценување
  3. Акредитација
  4. Надзор

Што можете да очекувате од Еуромак-Контрол?

Стручна консултантска помош за воведување на Системот за квалитет во Лабораторија која влучува:

  • Изработка на документација согласно барањата на стандардо ISO 17025:2005 (Прирачник, Политика, Постапки, Упатства, Записи)
  • Дефинирање на методите и постапките на испитување вклучувајќи стандардни, нестандардни методи и интерни методи развиени во лабораторијата,
  • Дефинирање на потребните услови за просториите за сместување на лабораториската опрема и останатите услови на работната средина.
  • Дефинирање на критериумите за акредитација.

ПРИМЕНА НА ISO 17025

ISO 17025 се применува на сите организации кои извршуваат лабораториски тестирања и/или калибрирање. Се применува на сите лаборатории независно од бројот на вработени или на обемот на лабораториски тестирања и/или калибрирања кои ги опфаќа овој меѓународен стандард.
Лабораториите користат ISO 17025 за да имплементираат систем за квалитет со цел да ја подобрат нивната способност за креирање на точни резултати. Тој исто така е основа за акредитација од акредитационото тело. Со оглед дека стантардот се однесува на компетентноста, акредитацијата е само формална потврда со која се демонстрира таа компетентност.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИ ОД ВОВЕДУВАЊЕ НА СТАНДАРДОТ ISO 17025

  • Стекнување или зацврснување на довербата кај постоечките и потенцијалните корисници на испитувањата;
  • Прифаќање на резултатите од испитувањата и еталонирањата меѓу државите;
  • Олеснета соработка измеѓу лабораториите и другите тела при размена на информации и искуства;
  • Зголемување на задоволството на корисниците на резлтатите од испитувањата;
  • Прикажување на непристрасност на Лабораторијата и елиминирање на сите комерцијални, финансиски и останати притисоци кои би можеле да влијаат на испитувањето и на резултатите од испитувањето;
  • Акредитирање на лабораторијата од страна на акредитационо тело.