Консалтинг
- Еколошки елаборати и студии
- ISO 9001:2008 - Систем за управување со квалитет
- ISO 14001:2004 - Систем за управување со животна средина
- OHSAS 18001:2007 - Систем за управување со здравје и безбедност при работа
- ISO 22000:2005 - Систем за безбедност на храна
- HACCP - Систем за анализа на опасности и критични контролни точки
- GLOBALGAP - Систем за Добра Земјоделска Пракса
- ISO 17020:1998 - Стандард за акредитација за инспекциски тела
- ISO 17025:2005 - Стандард за акредитација на лаборатории за тестирање и калибрирање
- CE - знак за безбеден производ
АНКЕТА
Кога планирате да започнете со транзиција на новата верзија на стандардот ISO 9000:2015?
Листа анкети Еуромак Контрол
Ул.Стогово бр.13А
1000 Скопје, Македонија
тел/факс: +389(2) 3124 322
mail@euromakkontrol.com
ISO 9001:2008 - Систем за управување со квалитет
Цел на ISO 9001:2008 е обезбедување на квалитет на работните процеси, производи и услугите кои ги извршува една организација.
ISO 9001:2008 е процесен модел, кој ја дефинира организираноста како успешна преку:
- Определување на Политиката за квалитет
- Дефинирање на одговорности и овластувања во Организацијата
- Дефинирање на Цели за квалитет
- Планирање и обезбедување на ресурси
- Реализирање на барањата на Купувачот
- Мерење, анализа и подобрување на производот/услугата.
За конкурентноста на домашниот и меѓународниот пазар не е доволен само квалитет, потребен е меѓународно признат доказ за квалитет како што е сертификатот за ISO 9001:2008.
Управувањето со квалитет е пред се НАЧИН НА РАЗМИСЛУВАЊЕ.
КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ВОВЕДУВАЊЕ НА СТАНДАРДОТ ISO 9001:2008
- исполнување на барањата на Купувачот ;
- ефикасно работење (загубите, неуспесите се сведуваат на минимум);
- поголема одговорност и свест на вработените;
- подобрување на статусот на фирмата;
- вреднување и документирање на работните задачи;
- способност за натпреват на иста основа со поголеми организации;
- можност за освојување на нови пазари;
- подобро искористување на времето и ресурсите;
- подобра идентификација на производот или услугата;
- зголемен профит;
- континуирано унапредување на квалитетот и ефикасноста.
Една од главните предности на ISO 9001:2008 е неговата применливост на сите видови дејности. Развиен е со користење на осумте основни принципи за управување со квалитет. Осумте основни принципи создаваат цврсти темели кои Раководството ги препознава како алат за водење на успешен бизнис.
ISO 9001:2008 го истакнува управувањето со процесите, мерењата, постојаните подобрувања, достигнувањето на целите и зголемената вклученост на врвното Раководство.