Консалтинг

Конслатингот представува најразвиен облик на услуги кои денес ги користат сите компании во развиените земји, од мали до најголеми. Консалтингот ги опфаќа сите области од бизнисот и другите човечки активности: финансии, истражување, развој, производство и технологија, системи на менаџмент (управување и раководство), заштита на животната и работната средина, маркетинг, пласман на производите, комуникации, примена на законските прописи на домашен и странски пазар и сл. Условите и барањата кои притоа се поставуваат пред консултантите се многу комплексни, а затоа пак се бара широко образование и специјализација во областите во кои се нудат консултантските услуги.

Еуромак-Контрол Ви нуди консултантски услуги на база на широката компетенција и богатото искуство кое го поседуваме и тоа во следниве области:

  • Имплементација на систем за управување со квалитет, согласно меѓународниот стандард  ISO 9001:2008;
  • Имплементација на систем за управување со животната средина, согласно меѓународниот стандард  ISO 14001:2004;
  • Имплементација на систем за управување со здравје и безбедност при работа, согласно меѓународниот стандард  OHSAS 18001:2007;
  • Имплементација на систем за безбедност на храна,согласно меѓународниот стандард  ISO 22000:2005;
  • Имплементација на систем за акредитација на лаборатории за тестирање и калибрирање, согласно меѓународниот стандард  ISO 17025: 2005;
  • Имплементација на систем за акредитација на инспекциски тела,  согласно меѓународниот стандард  ISO 17020:1998;
  • Имплементација на систем за анализа на опасности и критични контролни точки - HACCP;
  • Изработка на IPPC- Интегрирана Еколошка Дозвола (А и Б);
  • Имплементација за систем за здобивање со знак за безбеден производ - CE;
  • Имплементација на систем за добра земјоделска дозвола - GLOBAL GAP.