За нас
- Услуги
- Предноста на ЕМК
- Зошто да го изберете ЕМК
- Нашата гаранција
- Вработување
- Политиката за квалитет, животна средина и здравје и безбедност при работа
- Сертификати на Еуромак Контрол
- Имате прашање? Повелете контактирајте не
- Адреса и локациска мапа
ANKETЕ
Pse doni ta implementoni sistemin për kvalitet sipas ISO standardeve?
lista anketave Euromak Kontrol
Stogovo 13А
1000 Skopje, Makedonija
tel/faks: +389(2) 3124 322
mail@euromakkontrol.com
За нас
Почитувани посетители,
Еуромак-Контрол е стручно оспособена и специјализирана контролна организација, основана во 1999 во Скопје како друштво за техничко испитување, контрола на квалитет и квантитет и консалтинг.
Еуромак-Контрол е прва консултантска фирма во Македонија сертифицирана согласно барањата на стандардите ISO 9001:2008 (Q-363/2001-05-30) и ISO 14001:2004 (Е-325/2009-02-18) и акредитирано инспекциско тело од страна на Институтот за Акредитација на Република Македонија за контрола на квалитет и квантитет на стоки.
Еуромак-Контрол нуди врвен квалитет и брзина при реализација на услугите, конкурентни цени, објективност и непристрасност. Како резултат на таквото наше работење Еуромак-Контрол има успешна соработка со многу видни компании (мали и големи), институции и лаборатории како и со државни тела.
Мисијата на Еуромак-Контрол е да нуди препознатлив квалитет на услугите, во бараниот рок да ги исполни барањата и очекувањата на корисниците на услугите и со тоа да ги доближи до европските стандарди на живеење како и да го заштити здравјето на потрошувачите.
Уверени сме, дека услугите кои ги нудиме се од интерес за работењето и на вашата организација. Ве покануваме да не контактирате за да дознаете како да ги искористите нашите искуства и знаења за унапредување на работењето на вашата организација.
Со почит,
Сузана Темелкоска дипл.инг.хем
Директор

