Инспекција
- Изјава за постапување со доверливи информации и сопственичките права на корисникот
- Изјава за непристрасност, независност и објективност во работењето
- Контрола на добавувачи - Second part Audit
- Арбитража и експертиза на стоки
- Политика за квалитет на инспекциско тело на ЕМК
ANKETЕ
Pse doni ta implementoni sistemin për kvalitet sipas ISO standardeve?
lista anketave Euromak Kontrol
Stogovo 13А
1000 Skopje, Makedonija
tel/faks: +389(2) 3124 322
mail@euromakkontrol.com
Инспекција
Во сферата на контрола на квалитет и квантитет Еуромак-Контрол делува во повеќе насоки и врши квалитативна и квантитативна контрола на:
Прехранбени производи
- Контрола на жита и мелнички производи, масти и масла од растително и животинско потекло, кафе, чај и зачини, алкохолни и безалкохолни пијалоци, млеко и млечни производи, овоштие и зеленчук и преработки од нив, месо и месни производи, добиток, сточна храна, дрво и производи од дрво, хартија и друго.
Хемиски производи
- Бои и лакови, премази и лепила
Текстил и кожа
- Контрола на памук, волна и останати влакна од билно и животинско потекло, синтетички влакна и целулоза, предиво од сите видови и ткаенини, конфекција и трикотажа, сирова и преработена кожа, кожни обувки и галантерија. Атестирање на сите текстилни сировини и производи од увоз и за извоз.
Нафта и нафтени деривати
- Контрола на нафтени деривати, технички масла и масти и петрохемија
Одделот Инспекција на Еуромак Контрол од 15.03.2010 претставува Акредитирано Инспекциско Тело – ИТ -025, со 5 опсега на акредитација:
ü Инспекција на квалитет и квантитет на жита
ü Инспекција на квалитет и квантитет на производи од овошје и зеленчук
ü Инспекција на масла од растително потекло
ü Инспекција на квалитет и квантитет на течни горива
ü Инспекција на квалитет и квантитет на текстилни производи
Овој опсег на акредитација на Еуромак Контрол го прави единствено Инспекциско тело во Р.Македонија со таков обем.

